Утрински Весник
Економија

Владата и СОНК договорија континуиран дијалог до постигнување заеднички договор

Владата и СОНК договорија континуиран дијалог до постигнување заеднички договор

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за образование и наука Јетон Шакири и министерот за финансии Фатмир Бесими, се сретнаа со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), предводена од претседателот Јаким Неделков во која учествуваа и членови на Советот на овој синдикат.

На средбата се разговараше за барањата на СОНК и на истата е донесен заеднички заклучок дека Владата е отворена за континуиран дијалог со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија кои ќе постават рамка која ќе го заштити стандардот и интегритетот на наставниот кадар, а со акцент на стартната позиција врзана со социјалниот статус на вработените во воспитно-образовниот систем како основ за понатамошните разговори.

Можете да прочитате

СДСМ: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра