Утрински Весник
Македонија

Владата именува 19 нови државни правобранители

Владата попладнево ќе одлучува за ребалансот на буџетот

На предлог на Комисијата за именување, Владата на синоќешната 19-тата седница согласно добиеното позитивно мислење од Државниот правобранител на Република Северна Македонија, именува 19 државни правобранители.

Како што соопшти владината прес-служба за државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Скопје именувани се Лепосава Веноска, Кристина Грозданоска, Елена Саздовска, Земиле Кодра и Недим Исмани, за подрачјето на Куманово Драган Јовановски и Бесим Весели, за подрачјето на Охрид Агрон Речи, а за подрачјето на Струмица Татјана Донкова.

За државен правобранител за подрачјето на Гевгелија именувана е Мирослава Панарова, за подрачјето на Велес Валерија Николова, за подрачјето на Штип Билјана Симонова-Тасева, за подрачјето на Кавадарци Сузана Костова-Коцева, за подрачјето на Битола Ѓоко Талевски, за подрачјето на Прилеп именуван е Киро Северкоски, а за подрачјето на Кочани Олгица Јанева.

Владата на седницата за државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Тетово го именуваше Фетуш Алили, за подрачјето на Гостивар Илбер Јусуфи, а за подрачјето на Струга Катерина Талевска-Скепароска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски за МРТ: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице

САД пренасочуваат воена помош од Македонија кон Латинска Америка