Утрински Весник
Економија

Владата го продолжи рокот за кризна состојба со топлинска енергија

Владата го продолжи рокот за кризна состојба со топлинска енергија
Dik 300x250 mk

Владата на денешната 13. седница, која што се одржа преку видео-конференциска врска, донесе Одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

„На предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и на Министерството за економија, со оваа одлука се продолжува рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија до 30 април 2022 година“, се наведува во владинотo соопштение.

Одлуката, која ќе биде испратена на усвојување во Собранието, а ќе отпочне да се применува од 17 февруари.

Можете да прочитате

Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден

Кнауф дел од Розовиот октомври

Божиновска: Зависноста од еден извор е ризик од минатото