Утрински Весник
Спорт

Нови бизарни ММА борби во Русија – 75-годишен дедо и неговиот внук против жена!

Нови бизарни ММА борби во Русија – 75-годишен дедо и неговиот внук против жена!

ММА борбите во Русија, како и во целиот свет, се екстремно популарни. Но, никој не може да им парира во бизарните борби, освен можеби Полјаците.

Во последната епизода од ваквите борби, 28-годишната Јулија Мишко влезе во кафезот за борба без ракавици против 75-годишниот Владимир Спартак и неговиот 18-годишен внук „Биг Игибоб“ како дел од Епик фајтинг шампионатот (ЕФЦ).

Двајцата мажи, без искуство во борбите, издржаа шест рунди против Мишко, позната по својот прекар „Томбој“. Во еден момент од мечот, внукот покажа колку е храбар, кога избега од ударите на Мишко, оставајќи го својот дедо да добие низа удари и да заврши на подот. Потоа, на ред дојде и „Биг Игибоб“, кој исто така беше спружен на подот.

Дедото Спартак изјави дека немал надеж дека ќе победи во мечот по третата рунда, иако подоцна судијата одлучи дека се работи за реми.

Ова не беше единствено шоу на последното случување на ЕФЦ – тука беше и мечот помеѓу 240 килограми тешкиот Григориј Хистјаков против Александра Степакова, која тежи околу 60-тина килограми. По три рунди, огромниот Хистјаков, сепак, победи на поени.

> Нови бизарни ММА борби во Русија – 75-годишен дедо и неговиот внук против жена! <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија