Утрински Весник
Економија

Владата го започна процесот за обезбедување алтернативни извори на гас

Владата го започна процесот за обезбедување алтернативни извори на гас

Владата на денешната 14-та седница го задолжи АД ЕСМ да отпочне процес за потпишување на Договорите за реализација на Меморандумот за разбирање склучен помеѓу АД ЕСМ и Гастрејд С.А врзани со проектот терминал за течен гас во Александропулос, Грција.

Како што информираат од владината прес-служба, со овие договори и преземени обврски, терминалот за течен гас во Александропулос ќе обезбеди сигурно и долгорочно снабдување со течен гас за потребите на земјата.

„Реализацијата на овој проект, кој е прогласен за проект од посебен интерес на Европската Унија за природен гас и за кој Европската комисија одобри поддршка, обезбедува ефикасна интеграција со други важни проекти за инфраструктура на природен гас на регионалниот пазар“, се навдува во владиното соопштение.

Можете да прочитате

Глобалната недела на парите 2026 година: „Разговори за паметно управување со парите”

ДОМ: Поддршка за работниците за повисоки плати

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата