Утрински Весник
Македонија

Владата во Црна Гора го отповика почесниот конзул во Македонија, Бранко Азески

Владата во Црна Гора го отповика почесниот конзул во Македонија, Бранко Азески

Владата во Црна Гора ваквинот потег го објасни со изјава дека отповиканиот амбасадор се обидел да ги омаловажи и да ги искомпромитира највисоките власти во Црна Гора, презентирајќи свои лични забелешки и предвидувања во врска со работата на Владата, пренесуваат медиумите во регионот.

Како што се наведува, одлуката за отповикување е донесена на последната седница на црногорската влада.

Според одлуката потпишана од премиерот Здравко Кривокапиќ, Министерството за внатрешни работи дознава дека Азески, при извршувањето на должноста почесен конзул, ја користел секоја можност да изрази сомнеж за угледот на Црна Гора и за веродостојноста на нејзините тела со својот наратив.

Исто така, појаснето е дека безбедносните органи особено ги забележале разговорите на Азески со истакнати бизнисмени од различни сфери, при што тој се обидел, како што е наведено, да ги омаловажува и компромитира највисоките власти во Црна Гора, презентирајќи ги неговите лични забелешки и предвидувања во врска со работата на Владата на Црна Гора.

Според официјалните податоци, Азески е почесен конзул на Црна Гора во Северна Македонија од 2016 година, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

Локални избори 2025: Најмладиот кандидат за градоначалник има 23, настариот 79 години

ВМРО-ДПМНЕ: Делата ја демантираат реториката на Мојсоска и Левица, иако е пратеник, само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари