Утрински Весник
Магазин

Вил Смит тврди дека немало неверство во неговиот брак

Вил Смит тврди дека немало неверство во неговиот брак

Актерот Вил Смит инсистира на тоа дека никогаш немало неверство во неговиот брак.

Џејда Пинкет Смит, сопругата на ѕвездата на „Крал Ричард“, во 2020 година проговори за нејзината романса со пејачот Аугуст Алсина, но 53-годишниот Вил инсистира на тоа дека ништо што се случило во нивниот брак не било изненадување.

„Никогаш немало неверство во нашиот брак. Јас и Џејда зборуваме за сè, и никогаш не сме се изненадиле еден со друг со ништо.“

Вил – кој има син Треј (29) од претходниот брак, и Џејден (23) и Вилоу (21) со Џејда – вели дека не му е грижа дали луѓето шпекулираат за неговиот брак и наместо тоа, тој ги охрабрува „муабетите“ со надеж дека ќе поттикне значајна дебата.

„Решив дека муабетите за мојот живот може да бидат од корист за луѓето,“ рече тој во разговор со Гејл Кинг во емисијата „Сандеј морнинг“ на Си-би-ес.

Можете да прочитате

По петгодишна пауза Свети Стефан повторно се отвора, две лежалки и чадор 240 евра

Мајка на четири деца тврди дека соседите ги избегнуваат нејзините деца поради нејзината работа во САД

Луксузни свадбени патувања и романтични бегства во Туркије