Утрински Весник
Спорт

Вилок го комплетира трансферот во Њукасл

Вилок го комплетира трансферот во Њукасл

Џо Вилок го комплетира трансферот од 22 милиона фунти од Арсенал во Њукасл откако импресионира на „Сент Џејмс парк“ како позајмен фудбалер.

21-годишниот Вилок потпишува долгорочен договор со Њукасл откако минатата сезона постигна 8 гола во само 14 меча. Тој таму стана најмладиот фудбалер во Премиер лигата, кој постигнал гол во седум последователни меча помагајќи Њукасл да заврши на 12. место на табелата.

„Одлично е што повторно сум тука. Уживав минатата сезона и сега можам да кажам дека сум фудбалер на Њукасл јунајтед. Сакам да му се заблагодарам на Арсенал за целата поддршка, но ова е вистински трансфер во исто време. Едвај чекам да излезам на терен пред полн ‘Сент Џејмс парк’“, изјави Вилок, кој сепак нема да биде достапен за првиот меч од сезоната во недела против Вест хем.

> Вилок го комплетира трансферот во Њукасл <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија