Утрински Весник
Спорт

Вилбекин со шише гаѓал навивач

Вилбекин со шише гаѓал навивач

Најдобриот играч на Макаби од Тел Авив, Скоти Вилбекин, парично е казнет со 7.500 долари. Вилбекин по поразот од Макаби Ришон со шише фрлил кон еден навивач.

Покрај паричната казна, Кошаркарскиот сојуз на Израел, му изрече и условна суспензија на Вилбекин во траење од една година. Доколку направи сличен инцидент тогаш тој ќе биде супендиран на една година.

Американецот со турски пасош веднаш се извини поради она што го направил и рекол дека бил испровоциран од однесувањето на домашните навивачи.

Вилбакин има 27 години, член е на Макаби од 2018, претходно играше за Дарушафака.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале