Утрински Весник
Македонија

Викендов по осми пат прскање против комарци на територија на Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.

dobivaj vesti na viber

Прскањето против комарци ќе се реализира на 13.08.2022 година (сабота) и на 14.08.2022 година (недела), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди