Утрински Весник
Македонија

Викендов изречени 76 казни за непрописно паркирање на Водно

Викендов изречени 76 казни за непрописно паркирање на Водно

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Градските комунални редари и овој викенд вршеа засилени контроли за непрописното паркирање на јавни површини и изрекоа вкупно 76 казни за паркирање во зеленило. Во саботата беа изречени 14, а во неделата 62 казни, соопшти Град Скопје.

Целта, како што се наведува во соопштението, е да се заштити планината Водно од загадување и да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите.

Градските власти потсетуваат дека е воведен бесплатен автобуски превоз за време на викендите и празниците, а на паркиралиштата на Средно Водно е воведено зонско паркирање. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица и за туристичките автобуси.

Град Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. мд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски, со 200 илјади евра преку Еразмус +, уште ли одработува заради тоа

Викендов променливо и попријатно време, ќе имаме и изолирани врнежи!

Македонски Нетфликс: Филмовите на Мицкоски дека платите месечно  растат по 11, 12 и 13% се навреда за народот, велат од СДСМ