Утрински Весник
Македонија

Викендов авионско прскање против комарци во Скопје

Викендов авионско прскање против комарци во Скопје

Градските власти ги известуваат граѓаните дека в сабота (22 мај) ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци, а на 24 мај (понеделник) терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци.

„Авионската дезинсекција ќе се одвива на 22 (сабота) и на 23 мај (недела), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција ќе се одвива од 24 (понеделник) до 28 мај (петок), во период од 22 до 3 часот наредниот ден“, се наведува во соопштението.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можете да прочитате

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја саботира институционалната постапка за Алта банка

ЕСМ: Платата ќе биде во законскиот рок, се ажурираат податоци на вработени