Утрински Весник
Економија

„Виза“ и „Мастеркард“ ги прекинаа операциите во Русија

„Виза“ и „Мастеркард“ ги прекинаа операциите во Русија

„Виза“ и „Мастеркард“ објавија дека ќе го прекинат бизнисот во Русија поради инвазијата на земјата врз Украина.

„Виза“ соопшти дека ќе ги прекине трансакциите „во наредните денови“ и дека соодветно на тоа картичките издадени во Русија нема да работат во странство, како и дека картичките издадени во странство нема да работат во Русија, пишува РСЕ.

„Принудени сме да дејствуваме по неиспровоцирана руска инвазија на Украина и неприфатливите настани на кои бевме сведоци“, рече Алфред Кели – претседател и извршен директор на американската компанија за дигитално плаќање „Виза“.

„Мастеркард“ издаде слична забрана, наведувајќи дека картичките издадени од руските банки повеќе нема да ја поддржуваат нејзината мрежа.

Можете да прочитате

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите

UNCTAD: Критичните минерали ќе ја обликуваат идната економија, Иловица останува неискористен ресурс