Утрински Весник
Македонија

(Видео) 916 казни за брзо возење на територијата на цела држава

285 санкционирани  возач во Скопје, 33 без возачка дозвола

Казнети се 916 возачи за прекршување на сообраќајните правила, ова го соопшти министерството за внатрешни работи по засилени полициски контроли на територијата на цела држава.

Од нив, 107 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.

Можете да прочитате

Салаи: Без политичка волја нема борба против корупција

Театар Штип со бесплатна изведба го одбележува 27 март – Светскиот ден на театарот 

Тасева: Живееме во „заробена држава“ – институциите се во служба на елитите