Утрински Весник
Македонија

(Видео) 10 килограми марихуана и нелегално оружје пронајдени при претрес во Сингелиќ

(Видео) 10 килограми марихуана и нелегално оружје пронајдени при претрес во Сингелиќ

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, денеска ги уапсиле А.В.(74) и С.В.(45) од скопски Сингелиќ, поради сомнение за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и недозволено изработување, држење и тргување со оружје.

Како што информираат од МВР, во текот на денешниот ден (14 јануари), по претходно издадена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории каде живеат А.В. и С.В., при што пронашле повеќе пакувања марихуана (околу 10 килограми), неколку шишиња со хашишово масло, еден пиштол „црвена застава“ со две рамки и 57 куршуми.

По документирање на случајот, против двете лица до Основното јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Претставата на Драмски театар „Мачкина глава“ ќе го отвори јубилејниот, 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Уставен суд поведе постапка за нееднаков третман при добивање на еднократна парична помош за новороденчиња 

Повеќе разбирање и поддршка за жените: здравствените работници се обучуваат за перименопауза