Утрински Весник
Свет

(Видео) Џорџ Буш направи грешка кога наместо Украина рече дека инвазијата на Ирак е „брутална и неоправдана“

300x250 (7)

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш направи грешка кога наместо Украина рече дека инвазијата на Ирак е „брутална и неоправдана“.

Потоа се поправи и рече дека мислел на рускиот напад на Украина. Буш тоа го изјави за време на настаните во Далас во средата, додека го критикуваше политичкиот систем во Русија, пренесе Ројтерс.

„Резултатот е недостаток на контрола и рамнотежа во Русија, а одлуката на еден човек да го нападне Ирак е целосно неоправдана и брутална. Оваа, сакав да кажам, Украина“, рече Буш, одмавнувајќи со главата.

Потоа се пошегува дека грешката е направена поради неговата возраст и ја насмеа публиката, додава Ројтерс.

Кога Буш беше претседател, во 2003 година, САД ја предводеа инвазијата на Ирак поради сомневање за оружје за масовно уништување, кое никогаш не беше пронајдено.

Стотици илјади луѓе беа убиени во долготрајниот конфликт, а уште толку беа раселени.

Ss1

Можете да прочитате

Египетски медиуми: Забележлив напредок во разговорите Хамас-Израел

Сандерс им порача на американските студенти дека се на вистинската страна на историјата

Мислеле дека Хамас го киднапирал од фестивалот во пустината, неговото тело сега е пронајдено во Израел