Утрински Весник
Магазин

(Видео) Џеј Ло го искористи моментот среде пеење на инаугурацијата да се обрати на шпански

(Видео) Џеј Ло го искористи моментот среде пеење на инаугурацијата да се обрати на шпански
Ss2

Џенифер Лопез на инаугурацијата на Џо Бајден  ги изведе песните „This Land Is Your Land“ и „America the Beautiful“, а покрај тоа што го вметна стихот на нејзината песна „Let’s get loud“ (Ајде да станеме гласни), Џеј Ло се обрати на шпански за време на пеењето.

„Една неразделна нација пред Бога, со слобода и правда за сите“, рече Џенифер на шпански јазик.

Реченицата е дел од Заклетвата на знамето на САД и се изговара на настани и во одредени образовни институции во Америка. Истата реченица ја изговори Лејди Гага во 2017 година кога пееше во финалето на Супер Боул.

Нејзиниот настап предизвика различни емоции, па некои нејзината изведба ја сметаа за смешна, други се срамеле да ја гледаат, некои ја обвинија за самопромовирање, а имаше и такви кои сметаа дека зад сето тоа стои политичка порака наменета за Латиноамериканците кои живеат во САД.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Дали знаете зошто треба да ставате сол во кафето?

Зошто е добро децата да растат покрај кучиња?

Предупредувачки знаци на кожата кои укажуваат на алергија на алкохол