Утрински Весник
Магазин

(Видео) Џејмс Нортон: Новиот филм ме натера да размислувам за свои деца

(Видео) Џејмс Нортон: Новиот филм ме натера да размислувам за свои деца

Џејмс Нортон е прилично емотивен во врска со неговиот најнов филм Nowhere Special („Никаде посебно“).

Ова не е воопшто изненадувачки, со оглед на тоа дека тој глуми смртно болен самохран родител кој бира семејство што ќе го посвои неговиот мал син.

„Се расплакав кога го прочитав сценариото“, изјави тој за Би-би-си.

На Нортон му било тешко да ги задржи солзите и во текот на снимањето.

„Очите ми беа насолзени на потресната сцена со читање приказна пред спиење. Мораа да продолжат со снимање сè додека не почнав да читам со суви очи, за да ја покажам силата и стоицизмот на мојот лик,“ рече акторот.

Нортон, кој играше во ТВ-драми, вклучувајќи ги Happy Valley, McMafia и Grantchester, а редовно го промовираат како следниот Џејмс Бонд, во новиот филм e Џон, чистач на прозорци од Северна Ирска.

Џон има неутврдена болест и му преостануваат само неколку месеци живот. Тој е целосно сам, освен неговиот четиригодишен син Мајкл. Филмот го следи како поминува низ агонизирачки процес на запознавање на потенцијални семејства за Мајкл, кога ќе го нема.

Во текот на снимањето тој се зближил со малиот Даниел Лемонт, кој го глуми синот. Неочекуван ефект на ова искуство е тоа што го натера да го преиспита сопствениот живот.

„Дефинитивно ме натера да се преиспитам . „Имам 35 години, сум во долга врска, сестра ми има две деца под три години – филмот навистина ме натера да размислувам за свои деца“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста