Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јанушев од Виница: За младите до 29 години нула проценти данок

(Видео) Јанушев од Виница: За младите до 29 години нула проценти данок

Носителот на изборната единица 3 од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев при посетата на Виница оствари средба со младите од овој град.

„По посетата на Зрновце продолжуваме со посета на Виница. Само што завршивме со посета на најмладите како што можете да видите поддршката во огромен број ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ и обновата која што доаѓа она што успеавме да порачаме на Заев, Љупчо Николовски и останатите од криминално рекетарската банда од Социјалдемократскиот сојуз се дека сте прочитана книга, веќе сите знаат дека заминувате секој еден граѓанин на Република Македонија застанува и се исправува за Македонија и за ‘Обновата’“, истакна Јанушев.

Тој порача дека младите треба да останат во Македонија и тука да ја градат својата иднина, а не да одат во странство пред се Италија. За тоа мора државата да се погрижи, да обезбеди подобри услови. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ‘Обнова’ ветува зголемување на платата од 25 проценти и нула проценти данок за малдите до 29 години.

„Земјоделците ќе добијат 640 милиони евра субвенции за 4 години, но тие ќе мора да бидат исплатувани навереме. Ве повикивам на 15-ти јули да излезете, да вимавате пред се и на вашето здравје и да заокружите број 14 за Обнова на Македонија“, повика Игор Јанушев.

Текстот (Видео) Јанушев од Виница: За младите до 29 години нула проценти данок е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!