Утрински Весник
Свет

(Видео) Холандија: Короната направи проблем и од гаѓањето со снежни топки

(Видео) Холандија: Короната направи проблем и од гаѓањето со снежни топки

Во центарот на Амстердам, полицајци и граѓани се гаѓале со снежни топки, а видеото од настанот предизвикало бројни реакции во јавноста.

Холандската влада во саботата издаде нов, зимски декрет, со кој „снежни битки“ се дозволени само помеѓу членови на исто домаќинство.

Откако минатиот викенд паднаа невообичаено големи количини на снег, се случила снежна војна меѓу полицијата и минувачите на плоштадот Дам во Амстердам.

Многумина на социјалните мрежи посочиле дека станува збор за симпатична акција, но некои велат дека полицијата мора да биде пример за почитување на мерките.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела