Утрински Весник
Свет

(Видео) Хаос поради новиот сој на аеродромите – На патници не им било дозволено да излезат од авион

(Видео) Хаос поради новиот сој на аеродромите – На патници не им било дозволено да излезат од авион

Поради откривањето на најновиот вид на корона вирусот, за кој експертите стравуваат дека е позаразен од сојот делта, ЕУ ги забрани летовите од Јужна Африка, каде што е откриен.

СЗО денеска ќе одржи итен состанок по повод појавата на новиот вид коронавирус.

Некои земји веќе почнаа да ги откажуваат летовите од тој дел на светот. Но, проблемот настанал со патниците кои веќе биле во авиони од Јужна Африка до европските дестинации. Тие сега се заробени во авионот.

На социјалните мрежи се појави видео од патници во авион на аеродромот во Амстердам, на кои им било речено дека не смеат да го напуштат авионот.

Можете да прочитате

Њујорк тајмс: Европа работи на алтернативен формат за преговори за Украина

Венецуела објави ослободување на 131 политички затвореник

Два танкера погодени во Ормуската Теснина