Утрински Весник
Свет

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици меѓу нив. Инцидентот се случи откако опозицијата ја напушти собраниската сала.

Претходеше жестока дебата на опозицијата со министерката за надворешни работи Доника Гервала по што пратеникот од редовите на ПДК Абелард Тахири побара разрешување на министерката Гервала.

Министерката за образование и наука Арбери Нагавци изјави дека сакала да ги смири пратениците и дека пратеникот од ДПК Хајдар Беша ја турнал, а таа возвратила со иста мерка, пренесува „Газета експрес“.

„ Тоа беше голема група пратеници на чија средина беше потпретседателот на Собранието, Саранда Богујевци. Богујевци ги замоли пратениците кои сакаат да ја напуштат салата и оние кои сакаат да останат на седницата. Се обидов да интервенирам и да ја отстранам Богујевци од таа ситуација. Ја видовте реакцијата на пратеникот од редовите на ДПК, Хајдар Беца, кој ме поттурна и јас возвратив“, рече Нагавци.

Можете да прочитате

Анонимен крипто-коцкар заработи 460.000 долари со апсењето на Мадуро

Канадскиот премиер: Само Данска и Гренланд можат да одлучат за иднината на Гренланд

Русија соопшти дека Венецуела треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање