Утрински Весник
Магазин

(Видео) Хали Бери: Режирањето на Bruised беше една од најтешките работи што сум ги направила

(Видео) Хали Бери: Режирањето на Bruised беше една од најтешките работи што сум ги направила
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Оскаровката Хали Бери за првпат седна на режисерското столче за новиот филм Bruised, драма во која и глуми како поранешна фајтерка во мешани боречки вештини (ММА) која се обидува да ја оживее својата кариера.

Бери откри дека ѝ биле потребни години за да го донесе филмот на екранот и дека преземала интензивна физичка обука до пет часа на ден за да се подготви за сцените со борби. Филмот моментално се прикажува во ограничен број кина и ќе биде објавен на „Нетфликс“ во среда (24 ноември).

„Знаев дека ќе потрошам повеќе време, повеќе енергија, повеќе часови отколку на било што друго што некогаш сум го работела во целата моја кариера,“ рече таа во интервју за „Ројтерс“.

„Се покажа дека е точно така. Тоа беше една од најтешките работи што сум ги направила“.

По децении во забавната индустрија и освојувањето „Оскар“ за филмот Monster’s Ball во 2001 година, Бери нагласи дека луѓето често се изненадени што таа сè уште смета дека тешко се снаоѓа во забавната индустрија.

„Како црнкиња, борбата е вистинска“, додаде таа. „Сè уште е реално. Никогаш не ми е дадено ништо лесно во целата моја кариера, и сè уште треба да се борам за работи. И иако понекогаш посакувам да не морам, благодарна сум што можам“.

Можете да прочитате

Како правилно да перете чевли во машина без да ги оштетите

Никогаш не заспивајте со шминка!

Шеќерот во крвта не доаѓа само од благо – Што велат ендокринолозите