Утрински Весник
Македонија

(Видео) Фатени дилери кои сакале да внесат кокаин, хашиш и марихуана преку граница

Доцна синоќа на  граничниот премин „Табановце“ полицијата и мобилен тим од Царинската управа, фатиле тројца дилери од кои две се жени додека при влез во државата се обиделе да внесат кокаин, хашиш и марихуана.

Од МВР информираат дека приведени се А.Г.(40), Т.Д.(39), двете од Скопје и А.Б.(36) од Тетово.

„Полициски службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со холански национални ознаки, управувано од Т.Д., во кое сопатници биле А.Г. и А.Б. и при претрес во возилото биле пронајдени три пакувања со вкупно 204 грама кокаин, наменет за улична продажба каде би достигнал вредност од околу 15.000 евра, 1 пакување со хашиш, три пакувања со марихуана и мешавина на тутун со хашиш“, информираат од полицијата.

Тие се приведени во полициска станица во СВР Куманово, а во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“

Мечка угината во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово