Утрински Весник
Свет

(Видео) Уапсен најбараниот нарко-дилер во Колумбија

(Видео) Уапсен најбараниот нарко-дилер во Колумбија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најбараниот колумбиски дилер на дрога и водач на кланот Дел Голфо, Даиро Антонио Усуга, познат како Отониел, е уапсен, потврдија воени и полициски извори.

Во акцијата е убиен еден полицаец.

Колумбија понуди награда до 3 милијарди пезоси (околу 800.000 американски долари) за информации за тоа каде се наоѓа Отониел, додека американската влада издвои награда од 5 милиони долари за да помогне во неговото лоцирање.

Стејт департментот на САД го опишува Отониел како „високо вооружен и екстремно насилен“. Картелот што го води е составен од поранешни членови на терористички организации.

Според Си-Ен-Ен, ова апсење е најголемиот удар за нарко-мафијата во Колумбија.

Колумбискиот претседател го потврди апсењето на Отониел во телевизиско обраќање до нацијата.

„Ова е споредливо само со падот на Пабло Ескобар во 90 -тите“, рече претседателот.

„Отониел беше еден од најопасните трговци со дрога во светот, убиец на полицајци, војници, политичари, регрутираше и малолетници“, додаде тој, завршувајќи го својот говор со зборовите: „До сите криминалци и трговци со дрога: или предадете се или ние ќе дојдеме по вас“.

Можете да прочитате

Белгиски адвокат казнет со 25.000 евра за поднесување на приговори генерирани од вештачка интелигенција

Трамп во порака на Truth Social порача дека  водителот Стивен Колберт  „треба да биде успиен“

„Како Амазон, ама со луѓе“ – Трамп со нов план за масовна депортација