Утрински Весник
Свет

(Видео) Гувернер доби шлаканица додека држеше говор

(Видео) Гувернер доби шлаканица додека држеше говор

Промовирањето на новоименуваниот ирански гувернер Зеинолабедин Корам беше драматично прекинато откако маж излезе на говорницата и му удри шлаканица.

Инцидентот се случи додека Корам, новиот гувернер на провинцијата Источен Азербејџан, држеше говор во џамија во градот Табриз на североисток од земјата, пренесува Си -Ен -Ен.

На видеото објавено на интернет од иранската новинска агенција Фарс се гледа како маж мирно му приоѓа на Корам, му удира шлаканици, а потоа го турка. На снимката се гледа како обезбедувањето трча кон мажот, кој е идентификуван како Ајуба Ализадех, припадник на иранските вооружени сили, и го влече од бината.

На настанот присуствуваа министерот за внатрешни работи на Иран, претставници на канцеларијата на Ајатолах Хамнеи и други високи државни функционери.

Во интервју за државната телевизија ИРИБ, новиот гувернер рече дека не го познава лично сторителот.

Мотивот за нападот сѐ уште не е утврден.

Можете да прочитате

Во Аргентина стапката на сиромаштија достигна 32,3 отсто во првата половина од 2026 година

Пезешкијан: Одлуката за ставање крај на војната е во рацете на САД

Арапските партии дисквалификувани од изборите во Израел, одобрено учеството на крајнодесничарската „Оцма Јехудит“