Утрински Весник
Свет

(Видео) Трудо испраќа здравствени работници да му помогнат на Торонто во борбата против коронавирусот

Во Хрватска повеќе од 4.000 новозаболени, голем број починати

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави денеска дека ќе испрати сојузни здравствени работници да им помогнат на Торонто и провинцијата Онтарио во борбата против третиот бран на пандемијата на коронавирусот, што доведе до затворање на училиштата и претпријатијата.

„Мобилизираме сојузни здравствени работници од сите владини оддели да се распоредат во првите линии на фронтот во Онтарио, а особено во пошироката област на Торонто, каде што ситуацијата е најкритична“, рече Трудо во видеото објавено на „Твитер“.

Другите провинции, особено на брегот на Атлантикот, работат да утврдат какви човечки ресурси и опрема можат да ослободат во наредните денови, рече Трудо, додавајќи дека сојузната влада ќе ги покрие трошоците за таа помош, пренесува „Ројтерс“.

Владата исто така ќе се обиде да го засили брзото тестирање, особено за клучните работници, рече Трудо.

Можете да прочитате

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност