Утрински Весник
Свет

(Видео) Три лица загинаа во пукање во куглана во Илиноис

(Видео) Три лица загинаа во пукање во куглана во Илиноис

Три лица загинаа, а тројца беа повредени кога вооружен напаѓач отвори оган во куглана во Рокфорд, Илиноис.

Како што соопшти полицијата, 37-годишниот напаѓач бил уапсен.

Шефот на полицијата Дан О’Шиа рече дека во пукањето биле погодени двајца тинејџери.

Градоначалникот на Рокфорд, кој се наоѓа на 130 километри северозападно од Чикаго, рече дека е лут и тажен поради инцидентот.

Оваа година е најсмртоносна кога станува збор за убиства во овој дел од САД. Годинава во Рокфорд беа убиени 35 лица, што го сруши рекордот од 1996 година, кога беа убиени 31 лице.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон од говорницата на ОН: Франција ја признава Палестина како независна држава

Европа забележа над 62.700 смртни случаи од жештина во летото 2024

Признавањето на Палестина отвора ново прашање – кој ќе ја раководи