Утрински Весник
Економија

(Видео) Три категории граѓани ќе добијат платежни картички од 6.000 денари

(Видео) Три категории граѓани ќе добијат платежни картички од 6.000 денари

Пензионерите со пензии до 15 илјади денари, самохраните родители и невработените баратели на работа ќе добијат платежни картички од 6.000 денари, како дел од четвртиот сет мерки за
помош поради корона-кризата.

Премиерот Зоран Заев најави дека 5.726 самохрани родители ќе добијат помош од државата – платежна картичка со износ од 6.000 денари.

Пензионерите со пензија до 15 илјади денари, а такви има 182.271, исто така ќе добијат платежна картичка.

Со четвртиот сет мерки, 85.108 невработени пасивни баратели на работа ќе добијат помош од државата, во износ од 6.000 денари.

Платежните картички „Купувам домашно“ ќе ги добијат и студентите кои во претходниот пакет не ги добиле овие картички и навремено реагирале за тоа.

Според Заев, првите три сета мерки спречиле економски последици кои можеле да бидат драматични и долгорочни.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се изготвуваат мерките за цените на прехранбените производи, покренати и одредени постапки од инспекциските служби

СДСМ: Над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

ССМ: Гздите лажат кога велат дека ќе се затвореле компаниите ако се покачеле платите