Утрински Весник
Свет

(Видео) Тензии во Довер: Камионџии се степаа со полицајците

(Видео) Тензии во Довер: Камионџии се степаа со полицајците

Возачи на камиони се судрија со полицијата во британското пристаниште Довер кога им беше забрането да влезат во Франција. Иако подоцна Франција ја ублажи забраната за влез, стотина камионџии останаа заглавени на пристаништето.

Француските власти донесоа одлука да им дозволи влез на камионџиите, но со негативен тест на коронавирус не постар од 72 часа.

Бесни што најверојатно нема да може да го поминат Божик со семејството, но и поради недостиг на храна и студеното време, камионџиите извикуваа: „Отворете ја границата, сакаме да си одиме дома“ и „Е*и се Борис“.

50-ина земји воведоа забрана за влез на патници од Велика Британија кога во земјата се појави нов вид коронавирус, кој се шири побргу.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Такер Карлсон: Трамп во наредните денови би можел да нареди нуклеарен напад врз Иран

Зеленски е подготвен за средба со Путин

Девет загинати во пад на приватен авион во Флорида