Утрински Весник
Македонија
Img 7972

(Видео) Талески: Заради деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ Законот за служба во Армијата цела година беше блокиран

Img 7972

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ а пред се пратеникот Драган Ковачки треба да им се извинат на припадниците на Армијата за блокадите што цела година ги прават овде во Собранието, порача пратеникот на СДСМ Миле Талески на денешната седница.

dobivaj vesti na viber

„Вие господине Ковачки ја манипулирате фелата од каде доаѓате и треба да им се извините на припадниците на Армијата затоа што заради вас лично беше блокиран Законот за служба во Армијата. Една година припадниците на Армијата не ги добиваат бенефитите од овој Закон кој ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани го блокираше со една цел – да ве заштити вас лично односно во делот каде пишува дека припадници на Армијата не смеат да бидат членови на политички партии, односно да бидат на високи позиции во Армијата. Откако станавте пратеник манипулиравте и овде предлагавте ист таков закон и ги лажевте војниците“ порача Талески во реплика кон пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека парламентарното работи во интерес на сите граѓани и ги повика сите пратеници да гласаат и Законот да биде донесен.

Можете да прочитате

Мицкоски: Се здружиле Венко, Али и Димче за власт и поради патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ

Лекарската комора ќе го разгледа случајот со разрешениот директор Кузмановски и потоа ќе постапува

Скопјанец пријавил дека бил нападнат од сопругата со предмети во семејниот дом