Утрински Весник
Свет

(Видео) Странски борци пристигнаа да и’ помогнат на Украина во Северодонецк, објави „Скај њуз“

Руските и украинските сили со денови водат жестоки битки за Северодонецк, клучен град во источна Украина. Ако Северодонецк падне во руски раце, тоа ќе значи дека Русите ја презеле контролата врз целиот регион Луганск.

На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое, според „Скај њуз“, се гледа како странските борци пристигнуваат во Северодонецк за да се борат рамо до рамо со украинските бранители.

Не е сосема јасно кога е направена снимката, но се претпоставува дека видеото е снимено неодамна.

Можете да прочитате

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата

Белгород погоден од украински беспилотни летала – еден убиен, 14 ранети