Утрински Весник
Свет

(Видео) Страв, очај и турканици на аеродромот во Кабул

(Видео) Страв, очај и турканици на аеродромот во Кабул

Во снимка објавена утрово на социјалните мрежи а направена во близина на аеродромот во Кабул новинар, известувач за светски агенции напиша: „Вака изгледа очајот. Мноштво луѓе утрово на аеродромот во Кабул, и покрај вчерашниот масакр. Велика Британија и САД предупредуваат за нови напади”, напиша новинарот Гај Елстер.

Според извештаите на светските медиуми неколку западни земји објавиле дека превозот од Кабул засега е завршен, а според натписите, САД ги затвориле влезовите на аеродромот и спречиле понатамошно заминување на десетици илјади Авганистанци кои работеа за западните земји изминатиот период.

Американските власти велат дека има околу 5.200 американски војници на аеродромот „Хамид Карзаи“.

Пред нападот, САД и сојузниците апелираа до Авганистанците да ја напуштат областа околу аеродромот поради закана од милитантите на Исламската држава.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking