Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стојаноска: Еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта

(Видео) Стојаноска: Еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта

Носителот на изборна единица 6, Дафина Стојаноска ја посети општината Гостивар и порача дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе започне реализација на проектот еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта и нафтени деривати.

„Денешнава претпладневна агенда ја започнавме со организација на Унијата на жени на Гостивар и учествувавме во еден спортски марш. На овој марш жените на Гостивар дадоа поддршка за спортот и за младите. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма „Обнова“ се обврзува дека ќе издвојува еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта и нафтени деривати“, истакна Стојаноска.

Таа додаде дека тоа се оние акцизи кои што СДСМ за само три години владеење дури два пати ги покачи.

„Го трчаме последниот круг од нашиот марш до победата. И секој ден сме се побројни и се погласни, обновата доаѓа. ВМРО-ДПМНЕ победува“, порача Стојаноска.

Текстот (Видео) Стојаноска: Еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш не вели никогаш

Мицкоски: Бугарија станува прибежиште за криминалци – случајот со Ива Михаилова ќе го отвориме пред НАТО и ЕУ

Треновски: Не очекувајте големо поевтинување на становите, но цените може да стагнираат