Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стотици лица без маски се забавувале во ноќен клуб во Струмица

(Видео) Стотици лица без маски се забавувале во ноќен клуб во Струмица
Img 5587

И покрај забраната за работа на ноќните клубови, во Струмица два дена по ред се одржуваат забави со гужви, турканици и неконтролиран влез на гости. Забавите се со музика во живо, а настапуваат популарни артисти од земјава. Пазарниот инспекторат во петокот направил контрола веќе поднел кривична пријава за клубот „Аватар“ потврдуваат оттаму за „А1он“. Но, и покрај тоа, клубот не престанал со работа, туку одржал и втора забава со друг пејач. На вчерашната забава која се случила во период кога во нашата држава беа дијагностицирани рекордни 240 лица заболени со коронавирус за едно деноноќие, настапил пејачот Ѓоко Јовиќ.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, за „А1он“ вели дека петочната забава ја прекинале после 1 часот и ќе поднесат кривична пријава, а за тоа дали клубот е контролиран и вчера, ќе даде одговор откако ќе провери. Тој додава дека совеста и одговорноста на граѓаните е на ниско ниво.

300x250 (7)

„Ноќните клубови не смеат да работат. Во тек е подготвувањето на протоколи. Во петокот имавме контрола во „Аватар“-Струмица. Забавата беше прекината после 1 часот и изготвен е записник, следи кривична пријава, а од судот зависи понатамошната постапка. За синоќа немам информација, инспекторите кои беа на терен, работеа до доцна во вечерта“, вели Пауновски.

Клубот на социјалните мрежи помпезно ги најавувал журките. За петочната журка било побарано од посетителите да ги почитуваат протоколите, иако тие не се донесени. Понатаму, во поканата се наведува дека треба да се држи дистанца и често да се мијат рацете.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Од полноќ почнува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Во мај уште еден продолжен викенд