Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Нови 900.000 буџетски евра од Пановска за Пановски! Премногу е!

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонија е црна дупка во здравството, најцрна дупка во економијата, ама власта не застанува со корупција и со криминал во здравството, дури и врз грбот на најнесреќните. Нема нова болница, ама има нов тендер од ќерка за татко, речиси еден милион евра! Клиниката за хематологија водена од омилената директорка на СДСМ, Ирина Ставридис Пановска, дала тендер на Пановски за набавка на лекови вредни над 55 милиони денари, изјави9 на денешната прес-конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека неказнивоста на криминалот од институциите значи поддршка на криминалот од државните институции! Ова не е прв тендер од ќерка на татко, ова е утврдена шема со неказнивост за конфликт на интереси и ова се повторува.

Стоилковски истакна дека ова е срамно, понижувачко, недостоинствено, па и нечовечко да се заработува врз грбот на несреќни и болни! А молкот од институциите значи само едно- Молкот значи одобрување!

Стоилковски ги повика граѓаните на 18ти јуни да се приклучат на протестот за промени, во 20 часот пред Влада.

Можете да прочитате

Безживотно женско тело најдено во езерцето во паркот во Струмица

СДСМ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Уапсен 24-годишник на блокадата кај Пластичарска нападнал полициски службеник