Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Владата да не бега од референдум, ако навистина постигнала историски успех нема зошто да се крие од народот

Владата да не бега од референдум, да не се плаши од народот. Влада што навистина постигнала историски успех нема зошто да се крие од народот. Доколку владата на ДУИ/СДСМ сметаат дека постигнале нешто големо, нека излезат на референдум пред народот. Нема потреба од забави во 15 градови, доволно е да се прифати собирање потписи за иницијатива за референдум, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Стоилковски истакна дека само народот е суверен во секоја држава, дури и во Македонија. Тој мора да може да каже дали е ова историски успех или историски чин на предавство, асимилација и бугаризација на Македонија. Владата мора да го провери овој чекор пред народот, ДУИ/СДСМ мора да проверат дали се во право тие, или оние интелектуалци и општествени дејци коишто, за жал власта ги нарекува „хистерични“.

Стоилковски додаде дека Владата прифати документ којшто не носи европска иднина, туку асимилација, само со една цел фотографирање во Брисел и нова лага за купување ден повеќе на власт. За Македонија мора да важат исклучиво Копенхашките критериуми, Македонија не смее да биде експеримент, туку за неа, по 17 години чекање мора да важат истите правила коишто важеле за сите други земји- членки на унијата.

ОД ВМРО-ДПМНЕ изјавуваат дека нема да поддржат измени на Уставот, за Ковачевски да почне со асимилација во замена за лична власт! Тоа е уцена пред Македонија спротивна на европските вредности и принципи.

Овој процес е штетен и опасен за Македонија. И мора да биде ставен пред народот. Власта затворена во својата одлепеност, ако смета дека направила успех, нека не се плаши и бега од народот на референдум. Волјата на народот е суштината на демократијата и затоа треба да е конечна, изјави Стоилковски.

Можете да прочитате

Комеморација без сите деца? Скандал околу организирањето на одбележувањето во Кочани

Сиљановска-Давкова го прими албанскиот претседател Бегај во Охрид

Филипче од Кочани: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи,  но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани