Утрински Весник
Свет

(Видео) Словенец со моторна пила сакал да влезе во зградата на Парламентот

(Видео) Словенец со моторна пила сакал да влезе во зградата на Парламентот

Во вторникот еден човек се обидел да влезе во зградата на словенечкиот парламент со моторна пила, извикувајќи „Доста ми е од заклучувањето“, но припадниците на безбедносната служба го запреле на главниот влез.

Никој не е повреден во инцидентот, ниту настанот влијаеше врз работата на Парламентот, кој беше во процес на дискутирање за разрешување на претседателот Игор Зорчич, објави СТА.

Полицијата потврди дека биле повикани поради овој случај околу 19 часот и дека бунтовникот бил уапсен.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија