Утрински Весник
Свет

(Видео) Силна експлозија на пазарот во Багдад, има загинати и повредени

(Видео) Силна експлозија на пазарот во Багдад, има загинати и повредени

Еден цивил загина, а 12 лица се повредени во експлозија во ирачката престолнина Багдад, известува безбедносната служба.

Најмалку еден цивил загина, а 12 се повредени во експлозија во ирачката престолнина Багдад, соопшти во четвртокот медиумската служба, која обезбедува информации за безбедносните инциденти во земјата.

Експлозијата се случила на пазарот во источната област Хабибија во Багдад, се наведува во соопштението на службата, цитирана од официјалната новинска агенција ИНА. Според службата, дополнителни детали за инцидентот ќе бидат дадени подоцна.

Претходно истиот ден, безбедносен извор изјави дека експлозијата се случила во главниот град на Ирак и резултирала со бројни жртви.

Можете да прочитате

Млада лаборантка почина од чума во Русија, речиси 200 лица под медицински надзор

Русија погоди уште еден важен мост во Киев

Масовни протести во Шпанија поради продлабочувањето на станбената криза