Утрински Весник
Свет

(Видео) Силна експлозија во близина на Белград, најмалку двајца загинати и 15 повредени

(Видео)  Силна експлозија во близина на Белград, најмалку двајца загинати и 15 повредени
Ss2

Најмалку две лица загинаа во експлозија што се случи околу 14 часот во фабрика за оружје во белградската населба Лештане, пренесуваат медиумите во регионот.

Станува збор за фабрика која произведува противградни ракети. Повредени се најмалку 15 работници, пренесуваат медиумите.

Ss1

Еден работник останал заробен, но пожарникарите успеале да го извлечат. Очевидци велат дека во тој дел на Белград се почувствувале силни детонации.

Според написите, на лице место почнале да се собираат и семејствата на работниците.

Засега не е позната причината за експлозијата, но српските медиуми пишуваат дека таа била предизвикана од ракетно гориво во фабриката за наменска индустрија.

Во новинарските анализи се споменува дека слична експлозија во истата фабрика се случила и во 2008 година, кога тројца работници биле повредени.

„Во моментов обезбедуваме помош при евакуација и помош на нашите вработени. Сите наши напори, човечки и сите расположливи ресурси се насочени кон евакуација и пружање помош на вработените“, посочија од фабриката.

Ss1

Можете да прочитате

Во Австралија зголемен бројот за повеќе од половина на граѓаните кои живеат во сиромаштија

Лукашенко: Опозицијата и НАТО планираат напад врз Белорусија

Германија: 430 лица заразени со норовирус на Пролетниот фестивал во Штутгарт