Утрински Весник
Свет

(Видео) Силен земјотрес во Кина, најмалку 15 повредени

(Видео) Силен земјотрес во Кина, најмалку 15 повредени

Најмалку 15 луѓе се повредени во земјотресот што денеска го погоди туристичкиот град Лиџијанг во југозападна Кина, јави кинеската државна телевизија CGTN.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала се случил на длабочина од 10 километри, соопшти локалната сеизмолошка агенција.

Земјотресите се чести во Кина, особено во провинцијата Јунан, која е сеизмички активна област бидејќи се наоѓа на спојот на индиската и евроазиската тектонска плоча.

https://www.youtube.com/watch?v=wawhJC8okYQ

Во септември три лица загинаа во земјотрес во провинцијата Сечуан, а најмалку 10.000 луѓе беа раселени, а во 2008 година во силен земјотрес со јачина од 7,9 загинаа или исчезнаа 87.000 луѓе.

Можете да прочитате

Трамп: ЦИА ми кажа дека врховниот лидер на Иран е геј

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран