Утрински Весник
Свет

(Видео) Се урна воен авион во Турција, пилотите се спасени

(Видео) Се урна воен авион во Турција, пилотите се спасени

Турски воен авион се урна во морето за време на тренинг лет, а двајцата пилоти се спасени, соопшти турското Министерство за одбрана.

Авионот КТ-1 се урна во близина на градот Фоча на Егејското Море, во западната провинција Измир, соопшти Министерството.

Локалните медиуми објавија дека пилотите, кои биле безбедно катапултирани од авионот, биле префрлени во болницата, но дека тие не се во животозагрозувачка состојба.

Министерството соопшти дека се испитува причината за несреќата.

Несреќата се случила само два дена откако се урна авионот на акробатскиот тим на турското воено воздухопловство за време на обука во централната провинција Конија. Пилотот загина во несреќата.

Минатиот месец се урна воен хеликоптер во тешки временски услови во источна Турција, при што загинаа 11 војници, а двајца преживеаја со повреди.

Можете да прочитате

Патници чекаат и по 7 часа на пасошка контрола низ Европа

Иранскиот и рускиот министер за надворешни работи разговараа за прекин на огнот и Ормутскиот теснец

Најмалку 303 лица во Либан загинаа во израелските напади во среда