Утрински Весник
Свет

(Видео) Се заглави познатиот Тауер Бриџ

(Видео) Се заглави познатиот Тауер Бриџ

Познатиот Тауер Бриџ во Лондон денеска се заглави во подигната положба, што е вторпат оваа година, и тоа од технички причини.

Поради тоа, возилата не можеа да ја преминат реката Темза.

Мостот, кој им овозможува на бродовите да минуваат под него така што се поддигаат неговите краци, се заглави нешто пред 14 часот и 45 минути, изјави портпаролката на лондонската полиција.

Од 1976 година, мотори на нафта и електрична енергија управуваат со краците на мостот, заменувајќи ја оригиналната парна машина од 19 век.

„ Поради технички проблем, Тауер Бриџ моментално е заглавен во подигната положба“, изјави портпаролката на корпорацијата „Сити Лондон“, сопственик на мостот.

„ Работиме на решавање на проблемот што е можно поскоро“, додаде таа.

Во август 2020 година, тој беше затворен повеќе од 24 часа кога краците му беа заглавени во подигната положба.

Можете да прочитате

Ванс: Разговараме со иранските лидери, но не знаеме колку вистинска моќ имаат

Три години од нападот на Хамас врз Израел

Двајца загинати во Киев, руски напади погодија уште три украински града