Утрински Весник
Свет

(Видео) Руски оклопни возила во Киев, властите им порачаа на граѓаните да спремаат молотови коктели

(Видео) Руски оклопни возила во Киев, властите им порачаа на граѓаните да спремаат молотови коктели
Dik 300x250 mk

Руски сили влегоа во главниот град на Украина. Според украинските власти, Русите влегле во населбата Оболон. Во моментот таму се водат борби.

Извршниот директор на истражувачката страница Bellingcat, Кристо Грозев, објави снимка од истрели од огнено оружје во предградијата на Киев.

Украинското Министерство за одбрана ги повика граѓаните да останат во своите домови и да подготвуваат молотови коктели. Населбата во која се водат борбите е на девет километри од центарот на Киев. Украинската армија претходно објави дека борбите против колоните руски оклопни возила се водат во Димер и Иванкив, предградија на Киев.

На социјалните мрежи се појавија снимки од руски оклопни возила на улиците на Киев. Според Би-би-си, тоа е во областа Оболон.

Видеото е снимено од локални жители.

Можете да прочитате

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск