Утрински Весник
Свет

(Видео) Распаднат на делови-Снимка од местото каде се урнал кинескиот авион полн со луѓе

(Видео) Распаднат на делови-Снимка од местото каде се урнал кинескиот авион полн со луѓе

На интернет се појавија снимки од делови од Боингот 737, кој се урнал при пад од височина од 8.800 метри во кинеските планини.

Во авионот во моментот на несреќата имало повеќе од 130 патници, јавија медиумите во светот.

По падот на интернет се појавија снимки од делови од авионот.

Кинеската управа за цивилно воздухопловство потврди дека авионот се урнал, наведувајќи дека на летот имало 123 патници и девет членови на екипажот, поправајќи ги претходните извештаи дека во авионот имало 133 лица.

Според локалните медиуми, авионот на летот „MU5735“ полетал нешто по 13:00 часот по локално време (6.00 часот по средноевропско време) од југозападниот град Кунминг. Летал кон јужниот град Кантон. Авионот изгубил контакт над планината Вуџу, во планините Гангкси, соопшти кинеската управа.

На местото на настанот биле испратени спасувачки екипи, како и тим од службени лица, соопшти Управата за цивилно воздухопловство.

Можете да прочитате

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници