Утрински Весник
Магазин

(Видео) Расел Кроу: Гневот стана распространет во западното општество

(Видео) Расел Кроу: Гневот стана распространет во западното општество

На многумина од нас не им се непознати инциденти со излив на бес на пат – без разлика дали сме извршители или жртви. Но, што се случува кога еднa едноставнa сирена на автомобил се испостави дека е една од најлошите кошмари во вашиот живот?

Тоа е она што новиот трилер Unhinged се обидува да го истражи, а оскаровецот Расел Кроу ја презема улогата на нестабилен странец, кој прогонува жена по бесна конфронтацијата на автопат.

Во имејл интервју за „Ејжа Уан“, 56-годишниот холивудски актер откри дека првично не сакал да ја прифати улогата сметајќи дека дејствијата на ликот се нерационални.

Тој објаснува: „Мојата прва реакција на сценариото беше дека тоа нема да биде нешто што некогаш би го направил, затоа што не видов никаков рационален процес зад дејствијата на ликот“.

„Приказната во фимот се фокусира на еден човек кој верува дека неговиот живот не значи ништо и дека сите други треба да бидат виновни за тоа. Нема инфраструктура на донесување одлуки што ќе го доведат таму каде што е. Не сакав да глумам ваков лик, затоа што јас сум многу загрижен дека всушност сите ние сме во таква ситуација“.

Но иронично, фактот дека ликот ја отсликува сегашната состојба на работите во светот го натера Расел да ја прифати улогата. Тој за „Би-би-си“ изјави дека улогата одразува еден вид бес кој е распространет во западното општество.

„Почнав да сфаќам дека овој вид на бес се случува постојано, се чини дека тоа е местото во кое пристигнавме во западното општество. На пример, тоа е човек што користи автомобил како оружје, луѓе кои одат во цркви или џамии, училишта, ноќни клубови и отвораат оган. Луѓе кои збеснуваат во супермаркет поради пакет тоалет хартија.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста