Утрински Весник
Свет

(Видео) Путин речиси една минута го чекаше Ердоган пред камерите

Рускиот претседател Владимир Путин, кој е во Иран, во својата прва посета на странство од почетокот на инвазијата на неговата земја врз Украина, речиси цела минута беше оставен пред новинарите да го чека својот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

dobivaj vesti na viber

На видеото од тој необичен настан може да се забележи дека Путин се нервира пред да се сретне со турскиот колега.

По цели 50 секунди, Ердоган му се придружи на Путин.

Путин е во Иран на Трилатералниот самит во формат Астана.

Во Меѓународната конференциска сала во Техеран се одржа првата средба лице в лице меѓу двајцата лидери од почетокот на војната во Украина.

Последен пат се сретнаа на 29 септември 2021 година во Сочи.

Можете да прочитате

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда

Италијанската влада испраќа 500 војници за „одбрана“ на Милано; Луксузните брендови ги отстрануваат производите од своите излози