Утрински Весник
Свет

(Видео) Путин погреши на часот по историја, ученик го поправи

(Видео) Путин погреши на часот по историја, ученик го поправи

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше во едно училиште на првиот училишен час, каде сподели некои информации од историјата на Русија. За време на неговиот говор, тој беше поправен од страна на еден ученик, во врска со Петар Велики.

„ Петар Велики (1675-1725) не се бореше во Седумгодишната војна, туку во Големата северна војна, која траеше 21 година“, му рече момчето на Путин.

Рускиот лидер му се заблагодари, но директорот на училиштето го предупреди ученикот поради „одредена дрскост“, пренесуваат медиумите.

Критичките медиуми на Кремљ и опозициските политичари ја пофалија реакцијата на ученикот. Кира Јармуш, портпаролка на затворениот дисидент Алексеј Навални, го критикуваше директорот на училиштето, кој, според неа, смета дека училиштето не треба да учи факти, туку „послушност и сервилност“.

Овој настан, на првиот училишен ден по летните одмори во Русија, предизвика реакции во земјата и го натера да е огласи портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

„ Тоа не беше дрско. Воопшто не се согласуваме со директорот на училиштето”, рече тој, додавајќи дека се надева дека ученикот подоцна нема да биде казнет.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот