Утрински Весник
Свет

(Видео) Пукање во Сакраменто – загинаа шест, а ранети се најмалку девет лица

(Видео) Пукање во Сакраменто – загинаа шест, а ранети се најмалку девет лица

Во центарот на Сакраменто рано утринава се случи пукање, при што загинаа шест лица, а девет се повредени, јавува Асошиејтед прес, повикувајќи се на соопштение на локалната полиција.

– Полицијата лоцираше најмалку 15 жртви на престрелката, меѓу кои и шест мртви. Улицата каде што се случи престрелката е затворена бидејќи полициски службеници го истражуваат пукањето со повеќе жртви. Причините засега се непознати. Ве молиме избегнувајте ја областа бидејќи ќе остане големо полициско присуство, а местото на настанот е сè уште активно – соопшти полицијата во Сакраменто.

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа како луѓе трчаат по улица со звук од пукотници во позадина.

На местото на настанот биле неколку возила на брза помош.

Можете да прочитате

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран

Финска пратеничка казнета поради изјава за хомосексуалноста