Утрински Весник
Македонија

(Видео) Психолог Ивана Хаџиванова: Сексуалните предатори долго ги подготвуваат жртвите за грозоморниот чин

(Видео) Психолог Ивана Хаџиванова: Сексуалните предатори долго ги подготвуваат жртвите за грозоморниот чин

Скандалот што ја тресе соседна Србија, а се однесува на жртвите на професорот по глума Мика Алексиќ, повторно ја актуелизираа темата за сексуално насилство врз деца.

Како да се охрабрат жртвите да проговорат, како да се препознаат децата изложени на насилство, и конечно како да се превенираат овие случувања разговаравме со психолог Ивана Хаџиванова, основач на „Неокортекс“, Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација.

Според Хаџиванова, профилот на оние предатори кои се јавуваат меѓу педагози е специфичен, бидејќи тие долго ги подготвуваат жртвите пред да го сторат грозоморниот чин.

„Тие се стекнуваат со доверба кај децата преку нивниот авторитет, некои дури се наметнуваат како идоли. Секако не треба да се генерализира, но зборувам за конкретните примери кои се актуелни во јавноста“, вели Хаџиванова.

„Жртвите на сексуално насилство молчат од многу причини и треба внимателно да се постапува од страна на јавноста. Храброста зад тастатурите и осудата без трошка емпатија е поразителна за жртвите. Тоа е двојна виктимизација и тоа создава дополнителни последици тие да се справат со нивната психолошка состојба“, вели Хаџиванова.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!